Art Programs

Овие програми не се класични курсеви — се работи во мали групи и фокусот е на индивидуален развој и израз. Ова е внимателно воден процес на развој на уметнички израз со целосно персонализиран пристап кон секого. Ова е курирано уметничко искуство.

Програмата може да се започне и без искуство, но не е класичен „почетнички курс” — повеќе е воден процес кој воведува во уметноста на подлабоко ниво. Се работи не само на техника, туку и на постепено градење на личен израз, со водство низ целиот процес.

.„Секој ученик доаѓа со своја цел. Мојата работа е да го изведам токму неговиот, личен ликовен јазик — не мојот, не туѓиот.”

КАКО ИЗГЛЕДА ПРОЦЕСОТ

Секој час, чекор напред

Секој час е чекор напред — низ линија, боја, светло и композиција — кон нешто што е препознатливо ваше. Не се учи по калап: гледаме што носите со себе, каде сакате да стигнете, и градиме патека токму дотаму. Групите се мали за да имам простор да ви посветам внимание секој пат.

По секој час знаете токму што сработивте и што доаѓа следно — процесот е транспарентен, чекор по чекор.

ТРИ МОДУЛИ

Изберете ја вашата патека

МОДУЛ 1

Техника

600 €

 

За оние што сакаат да ги совладаат класичните ликовни вештини — цртеж, визирање, работа со јаглен, пастел и боја. Фокус на прецизност, контрола и увереност во занаетот, чекор по чекор.

Месечна инвестиција: 6.000,00 ден. 
МОДУЛ 2

Личен творечки јазик

700 €

 

За оние што веќе имаат основа и сакаат да го најдат и изградат својот препознатлив ликовен израз. Целосно персонализирано водство кон кохерентно портфолио кое зборува со ваш глас.

Месечна инвестиција: 8.600,00 ден. 
МОДУЛ 3

Хибриден

750 €

 

За оние што сакаат сигурност во техниката и простор за сопствен израз — во исто време. Структурирано учење на клучните вештини, проткаено со постепено градење на вашиот личен јазик.

Препорачано ако не сте сигурни што ви треба

Сите модули вклучуваат: сертификат за завршена уметничка програма · ваши дела претставени на организирана изложба · можност за продолжување на подлабоко ниво по договор

СТРУКТУРА

Практични детали

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
30 часа, во тек на 3½–4 месеци

ЛОКАЦИЈА

Аеродром, до Џевахир

 

ТЕРМИНИ
Понеделник–петок, 18:30–19:45 и 20:00–21:15 (2–4 пати неделно)

ФОРМАТ

Мала група, индивидуално внимание кон секого

Не сте подготвени за цела програма?
Месечна опција

За оние што сакаат да започнат без долгорочна обврска — работиме месец по месец, во ваше темпо. Истиот воден пристап и внимание кон секого, само со слобода сами да одлучите докаде ќе одите.

—  4 часа месечно (1 пат неделно)
—  Без обврска за целата програма
—  Може да преминете во целосна програма во било кој момент
6.000 ден
/ месец
Сакате прво да пробате?

Закажете пробен час и почувствувајте го процесот пред да одлучите. Без обврска.

Закажи пробен час
За кого е ова
    • За луѓе без претходно уметничко искуство, кои сакаат воден процес на подлабоко ниво.
    • За луѓе со искуство, кои сакаат да си го најдат и изградат сопствениот ликовен јазик.
    • За секој што сака персонализирано водство, а не групна класична настава.
Немам никакво уметничко искуство — дали е ова за мене?
Да. Програмата е воден процес — тргнуваме од таму каде што сте, без притисок и без споредба со другите.
Дали работиме сите на исто?
Не. Групата е мала токму за да секој работи на своја цел, со мое лично водство низ целиот процес.
Што ако пропуштам час?
Не го губите. Се договараме индивидуално за негово одржување. 
Што следува по програмата?
По завршување на 30-те часа, седнуваме заедно и разговараме за следните чекори според вашата цел и она што сте го изградиле.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ

Заинтересирани сте да го најдете вашиот ликовен јазик?

Испратете порака преку контакт формата, или пишете ми директно на Instagram.

Name
Дали имаш претходно искуство?
Кој модул те привлекува?
Кои термини би ти одговарале?
Кои денови би ти одговарале?
Како дозна за овие уметнички програми?