Јана Николовска

Уметнички програми

Овие програми не се класични курсеви — се работи во мали групи, а фокусот е на индивидуален развој и израз.

Ова е внимателно воден процес на развој на уметнички израз, со целосно персонализиран пристап кон секого — курирано уметничко искуство. Програмата може да се започне и без искуство, но не е класичен „почетнички курс“: тоа е воден процес кој воведува во уметноста на подлабоко ниво, со работа не само на техника, туку и на постепено градење на личен израз.

„Секој ученик доаѓа со своја цел. Мојата работа е да го изведам токму неговиот, личен ликовен јазик — не мојот, не туѓиот.“

Како изгледа процесот

Секој час, чекор напред

Секој час е чекор напред — низ линија, боја, светло и композиција — кон нешто што е препознатливо ваше. Не се учи по калап: гледаме што носите со себе, каде сакате да стигнете, и градиме патека токму дотаму. Групите се мали за да имам простор да ви посветам внимание секој пат.

По секој час знаете токму што сработивте и што доаѓа следно — процесот е транспарентен, чекор по чекор.

Три модули

Изберете ја вашата патека
Модул 1€600

Техника

За оние што сакаат да ги совладаат класичните ликовни вештини — цртеж, визирање, работа со јаглен, пастел и боја. Фокус на прецизност, контрола и увереност во занаетот, чекор по чекор.

Месечна инвестиција: 6.000 ден

Модул 2€700

Личен творечки јазик

За оние што веќе имаат основа и сакаат да го најдат и изградат својот препознатлив ликовен израз. Целосно персонализирано водство кон кохерентно портфолио кое зборува со ваш глас.

Месечна инвестиција: 8.600 ден

Сите модули вклучуваат: сертификат за завршена уметничка програма, ваши дела претставени на организирана изложба и можност за продолжување на подлабоко ниво по договор.

Практични детали

Времетраење
30 часа, во тек на 3½–4 месеци
Локација
Аеродром, до Џевахир, Скопје
Термини
Понеделник–петок, 18:30–19:45 и 20:00–21:15 (2–4 пати неделно)
Формат
Мала група, индивидуално внимание кон секого
Не сте подготвени за цела програма?

Месечна опција

За оние што сакаат да започнат без долгорочна обврска — работиме месец по месец, во ваше темпо. Истиот воден пристап и внимание кон секого, со слобода сами да одлучите докаде ќе одите.

  • 4 часа месечно (1 пат неделно)
  • Без обврска за целата програма
  • Може да преминете во целосна програма во било кој момент

6.000 ден / месец

Сакате прво да пробате?

Пробен час

Закажете пробен час и почувствувајте го процесот пред да одлучите. Без обврска.

Закажи пробен час

За кого е ова

  • За луѓе без претходно уметничко искуство, кои сакаат воден процес на подлабоко ниво.
  • За луѓе со искуство, кои сакаат да си го најдат и изградат сопствениот ликовен јазик.
  • За секој што сака персонализирано водство, а не групна класична настава.

Прашања што често ги добивам

Да. Програмата е воден процес — тргнуваме од таму каде што сте, без притисок и без споредба со другите.

Не. Групата е мала токму за да секој работи на своја цел, со мое лично водство низ целиот процес.

Не го губите. Се договараме индивидуално за негово одржување.

По завршување на 30-те часа, седнуваме заедно и разговараме за следните чекори според вашата цел и она што сте го изградиле.

Пријавете се

Заинтересирани сте да го најдете вашиот ликовен јазик?

Испратете порака преку формата, или пишете ми директно на Instagram.

Дали имаш претходно искуство?