Јана Николовска
← Сите изложби

Трансценденција

2024

Инсерт од поставката

Место
Културно-информативен центар, Скопје
Датум
23.04 — 02.05.2024
Медиум
Пет видеоинсталации со звук во простор

Со оваа изложба сакав да ве поведам на едно патување. Сакав да тргнеме од крајот кон почетокот. Сакав сите да нурнеме длабоко во себе.

а и внатрешност, претставувајќи 5 видео инсталации со звук во простор.

на себе-спознание и интроспектива. Идејата беше видео инсталациите да допрат до душата на посетителите, отварајќи простор за размислување за самите себе си, за начинот на кој живееме, битисуваме и постоиме.

Двете сали со видео инсталации беа метафори за внатрешниот, метафизички свет кој постои истовремено со надворешниот, физичкиот свет. Влегувајќи во едната сала со видео инсталации, посетителите влегуваа внатре во себе, во внатрешниот свет, а излегувајќи од неа, повторно пристапуваа во надворешниот свет. Кога влегуваа во другата просторија со видео проекции, тие повторно влегуваа во себе, и повторно, излегувајќи од просторијата, се враќаа во надворешноста – чувствувајќи ја поврзаноста и рефлексијата на двата света кои постојат симултано и зависат еден од друг, алудирајќи на важноста на интроспекцијата и поврзувањето со себе си.

Од изложбата